Зошто во Скопје и во останатите градови одамна нема граѓанско изјаснување преку референдум? Зошто локалните власти не сакаат да го соберат мислењето на граѓаните, како што им ги собираат парите преку разни даноци?
Неколку месеци веќе општините и градот Скопје имаат нови градоначалници. Удрија веднаш да ги исчистат дивите депонии и улиците од ѓубрето – наследство од неработењето на претходниците. Но ги подзакочи едно друго наследство – преголемо задолжување.
Граѓаните побудно ја дочекаа кризата од Владата. Беа на штрек, купуваа – штедеа, правеа планови како да го намалат ценовниот удар, како да обезбедат за децата помирно утре. А што правеше Владата?
На крајот на секоја зимска сезона имам желба да пишувам за успесите на туризмот и како илјадници љубители на зимските спортови од европските земји, претежно од Франција, Австрија, Италија и Швајцарија ги посетиле популарните скијачки центри во Македонија.
Во многу држави Ковид рестрикциите се олабавуваат, во некои и се укинуваат. Таму, наголемо и нашироко се анализира и се дискутира. Кај нас ниту се анализира, ниту се дискутира – само се слуша и чита што велат и што напишале странците.
Граѓаните се повеќе почнаа да ги користат гласачките ливчиња како црвени картони. Излегуваат на гласање и го исклучуваат од натпреварот оној кој игра подло, нечесно и надвор од правилата. Тоа жестоко го почувствува „државотворниот” СДСМ на последните соочување со гласачите.
Да реши човек да започне бизнис во Македонија, треба да се препоти. Не за идеи или за пари да најде, туку прво за да најде каде и од кого во државата да бара дозволи за започнување на конкретниот бизнис.
Изборната кампања ги заслепе министрите. Сега можат да видат само како да им се помогне на сопартијците да победат на изборите. И сега сакаат да видат само ракоплескање на нивните ветувања за се и сешто.
Три години поминаа откако првпат се уфилмав дека сум иноватор: ми се откачи шајка на ѕидот, немав чекан да ја заковам, па ми се најде при рака празна тегла.