Лекциите не се само во училниците
Учебната година почна. Политичарите од власта уверуваат дека ги обезбедиле сите услови за учење. Но, децата ќе треба и да се воспитуваат да бидат добри, чесни, достоинствени, работливи личности… Колку во ова ќе им помогнат политичарите со своите лични примери?
Практично, цела низа на погрешни „лекции“ до сега им одржаа македонските политичари на најмладите генерации. Зарем политичарите се определија за формирање на младина која ќе биде полтронски настроена? Во своите говори министрите кажуваат друго – дека во младината е нашата иднина. Во светот нема примери каде недостоинствена и неодговорна личност носи прогрес на општеството. Или, стратегијата е дека треба да си ја наведнат главата и и да чекаат милост од страна?
Учениците од пред два дена почнаа да поминуваат многу лекции. Децата кои се нашата иднина ќе се образуваат, ќе добиваат најразлични знаења… Политичарите од власта уверуваат дека им ги обезбедиле сите услови за тоа. Ќе видиме дали е така…
Но, децата ќе треба и да се воспитуваат: како да будат добри, чесни, достоинствени, работливи личности, ќе се воспитуваат и како да си ја сакаат и како да си ја чуваат и надградуваат сопствената држава. Колку во ова ќе им помогнат политичарите кои инаку не се симниваат од медиумите, а и во секоја прилика одат во школите за да се фотографираат со децата на кои им ветуваат светла иднина…
Какви лекции, добиваа учениците од политичарите? Дали да речеме премиерот Заев им е пример за достоинстена личност? Што научија, на пример, од претседателот Пендаровски или од министерот Димитров? Министерката за образование е пример за нив како треба да се однесуваат кон сериозни работи? Едноставно, дали децата добиваат „лекции“ за чесност, за висок морал, за правда, за чување на достоинството, за…
Граѓаните се децидни – нивните деца од политичарите не се учат на доблестите туку на нешто сосема спротивно.
-Од политичарите, особено оние што вршат високи општествени функции се очекува да бидат чесни, одговорни, пример за почитување на правото и столб на вредностите на демократијата. Но, нештата за жал се поинакви. Младите во Македонија, вклучително и учениците, добиваат исклучително лоши лекции од политичарите, смета граѓанинот Стефан Симовски.
Се ветуваше непопустливост се доби сменето име, Устав, историја
Причина за ова граѓаните најмногу ја гледаат во одлуките и постапките во последните неколку години од страна на Владата, на премиерот Зоран Заев, на претседателот на државата Стево Пендаровски… Тие најмногу замераат за нечувањето на гордоста и на достоинството на Македонија при што не е заборавено дека таквата лекција јавноста, односно, учениците можеа да ја слушнат уште во 2008 година кога актуелниот премиер Заев изјави дека „треба да се свитка кичмата и дека Македонија мора да направи остапка…“. Тоа беше најдиректна најава на тогашен опозиционер дека кога ќе дојде на власт ќе води политика на попуштање, а што ја слушнаа и младите генерации. Тие слушнаа како тој најавуваше и дека кога ќе дојдат на власт ќе јадат живи луѓе… Пред четири години се потпиша Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија во кој се наведе дека со оваа земја имаме „заедничка историја“, а што претходно се одбиваше. Таа одредба потоа предизвика бугарско вето за македонска евроинтеграција со барањето да признаеме дека македонскиот национален идентитет и јазик имаат бугарски корен. Ваквата лекција каква ли последица ќе има за младите? Претседателот Стево Пендаровски пак одржа и историска лекција за некакви си бугарски корени на Гоце Делчев, а тоа го слушнаа и учениците ширум Македонија.
-Овие политичари се предавници и се продаваат за ситни пари за да не остане никаков спомен од нашата прекрасна држава со најубавото име – Македонија, да се заборават сите македонски херои низ историјата што храбро се бореле и го давале нивниот живот за Македонија. Се со цел да не им бидат примери на денешната младина, да нема такви храбри херои во денешно време кои ќе им се спротивставуваат на нивните предавнички одлуки, смета Ване Прцуловски.
„Лекции“ кои највисоките политичари ги држеа беа и кога се донесуваше Преспанскиот договор со Грција пред три години. Прво имаше колнења во неотстапувањето од уставното име, па потоа се збореше само за промени во меѓународната употреба на името на државата, за неменувањето на Уставот… за да потоа се случи шок – промена на уставното име на државата, на Уставот, на непочитување на одлуката на референдумот со која граѓаните тоа го одбија… Многу лекции наеднаш добија македонските ученици тогаш. За Чесност, за достоинство, за…
-Штетниот Преспанскиот договор е потпишан противуставно зашто неуспешниот и обврзувачки референдум не беше уважен од оние кои мораа да го почитуваат. Со ваквите свои одлуки политичарите во Македонија покажуваат дека не само што се дрзнале да не ја почитуваат јасно и недвосмислено изразената волја на граѓаните, туку и ги погазија демократските принципи во целост, смета граѓанинот Симовски.
Образовна реформа преку ноќ, забелешките неприфатени
Освен за виткањето кичма кон странците, нашите соговорници велат дека учениците учеа од политичарите и како се глуми цврстина врз оние со кои се владее независно што тие имаат аргументи за промена на некои политички одлуки. Токму во образованието прекуноќ беше скроена реформа, спојување на Историја и Географија со други предмети, се подготви исфрлање на класичните учебници и воведување на дигитални учебници, се најави воведување на сексуалнио обрзование… При ова, не се прифаќаа забелешките кои доаѓаа од цела низа институции . МАНУ; Ректорат на УКИМ, бројни факултети, институти.. кои бараат промените да се воведуваат поинаку и на посериозен начин.
– Контроверзната и аргументирано оспорена образовна реформа од страна на стручната јавност со несфатливи политички одлуки беше протуркана од Министерството за образование на мала врата. Суштината и крајната цел на една образовна реформа мора да биде подигнување на квалитетот на образовниот процес, а новата образовна концепција не го нуди тоа. Напротив. Сево ова дава лоша слика за работата на политичарите и го урнисува нивниот формален авторитет. Од тие причини довербата кај младите во актуелните вршители на високи општествени функции целосно е нарушена, потенцира граѓанинот Симовски.
Слично мисли и граѓанката Зора Огненовска:
-Младината нема што да научи од нашите политичари. Достинството им е нула и тие не го почитуваат својот народ. Младината не е глупава и гледа како ги крадат граѓаните и нема што да научат од корумпирана власт, потенцираа таа.
На сето ова само се надоврзуваат скандалите и аферите во кои водечките политичарите се гледаат во друштво на криминални личности, во кои и сами стануваат криминалци… Практично, цела низа на погрешни „лекции“ до сега им одржаа македонските политичари на најмладите генерации. Зарем политичарите се определија за формирање на младина која ќе биде полтронски настроена? Во своите говори министрите кажуваат друго – дека во младината е нашата иднина. Во светот нема примери каде недостоинствена и неодговорна личност носи прогрес на општеството. Или, стратегијата е дека треба да си ја наведнат главата и и да чекаат милост од страна?
На пораките да запре иселувањето младите одговорија со – иселување
На каков прием наидуваат „лекциите“ кои македонските политичари, посебно на Заев и на Пендаровски, им ги држат на младите генерации покажуваат и нивните пораки да останат дома и да не се иселуваат во странство.
-Една порака до младите луѓе, е да не размислуваат за надвор… Младите ќе добијат шанса за живот во Македонија, а не во странство… . Предизвикот е овде, овде е борбата, овде се случува европеизацијата на државата, порачуваа премиерот и претседателот.
Меѓутоа, иселувањето на младите не запира…, најверојатно не им се бендисаа лекциите од политичарите.
Извор: skopskoeho.mk
Линк до објавата