Човек без енергија е половина човек – му велеше дедо ми на комшијата кој го запоставуваше дворот. Комшијата му објаснуваше дека нема енергија, а дедо ми му враќаше – најди ја, создај ја, без тоа ќе пропаѓаш уште повеќе.
Новите скопски градоначалници го раситнуваат мандатот. Уверуваат дека се фатиле со работа, се сликаат, чистат диви депони,.. Убаво! Некои почнаа и да објавуваат што затекнале во општините: големи долгови, непланско работење, пренатрупаност со вработени што воопшто и не доаѓале на работа…
Еј чудо се случи во Македонија! Видов двајца работници на одамна започнатиот да се гради пат Кичево – Охрид. Замислете, дури и работеа. Конечно по пет години, тргнаа работите.
Значи мајстори се да направат хаос! А цело време ќе ти зборуваат дека работат на смирување и подобрување на ситуацијата во Македонија. За кого зборувам? Па за политичарите, особено кога се на власт.
Изборите завршија и некому отворија пат за движење напред, некого го оставија на слепа улица. Интересен беше Али Ахмети кога налета на рампа пред Тетово, па замина да слави во Кичево, каде рампите ги прескокнуваше со авиони полни гастербајтери.
Ова кампањава главите ни ги наполни со политички ветувања. Некого помалку, некого повеќе не наполни и со набој. Посилен набој имал и мој пријател. Ми се јави и ми вели нервозен бил оти слабо поминал неговиот фаворит Петре Шилегов.
Се сеќавате ли на онаа фамозна фотка кога Заев бакнуваше пенкало? А пред тоа и кажуваше дека пенкало во 2016. сруши режим! Леле колку беше благодарен на пенкалото… арно ама, во неделата во Македонија пак се активираше пенкалото.
Помина уште едно „врело лето“. Скопјани пак се бањаа во пот наместо во нови ветени базени. И минатите лета беше исто. Кандидатите, кои станаа градоначалници пред четири години, во кампањата, кога се ловеа гласовите на скопјани, ветија многу.
И во оваа кампања ги слушам кандидатите за скопски и општински градоначалници како спортот им бил многу важен. Многу ќе направеле за младите да спортуваат.