Уфф… повторно Скопје е центарот на Европа! Од сите страни ни доаѓаат странски емисари, претседатели, министри, премиери – „пријатели” од Европската Унија… Сите нешто ја сакаат Македонија, сите слаткоречиво ни го најавуваат рајот, односно „датумот“.
Владата го распушти општинскиот совет во Тетово. Не бил функционален и не ги завршувал предвидените обврски. Е, добро, ама што да се прави со фактот дека и Владата е нефункционална и не си ги завршува најважните обврски?
Апсењето на пејачот Алабаковски ја зовре јавноста во Македонија. За многумина е поразително што полицијата и судството се ревносни само при овој случај, а ги нема никаде за многу криминалии и трагедии што се случуваат во Македонија.
Владата во последно време многу приказни ни раскажува. Сите им се со убава содржина, ама крајот некако го замаглуваат. Затоа јас ќе ви раскажам една приказна со јасен крај: Бранко е мој поранешен сосед.
Луѓе масовно купуваат очила со голем диоптер. Зошто? Па сакаат да ги видат бенефитите од силната економска офанзива што ја води Владата. А компаниите и микроскопи позајмувале само за да ги видат ефектите од растот во економијата што ги предизвикува оваа Влада.
Македонските ракометари пак не дигнаа до врв! Не навикнаа да се радуваме како нација, да растеме и созреваме заедно со нив последниве 15 години, планирајќи го секој јануари како месец на ракометот – фестивал на македонскиот спорт воопшто.
Во држава каде што многу работи се нерегуларни, зарем се очекуваше пописот да биде регуларен? Во држава, која ја водат недосозреани, пропагандисти, а некои дури и ебиветристи, многу работи се погрешни.
Многу интересно е во македонската политика кога малиот сака да глуми голем. Тоа глумење трае долго и обично глумецот слабо се труди да стане главен лик. Дали е тоа комедија?